Кривична пријавa за фирмата на Нефи Усеини за фрлање шут и земја во Охридското Езеро

by fokus

Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности“ во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро.

Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК“ со седиште во Охрид, во сопственост на бизнисменот и советник во Општина Охрид.

Според полицискиот записник, првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското Езеро, се уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата ги ангажирал второ и трето пријавените, вработени во фирмата „Нефи ИК“ и побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро.

Тие извршиле дотур на земја и камен со што ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи дури и во водите на Охридското Езеро.

Случајот беше пријавен уште во ноември минатата година, кога беше регистрирано и снимено како со тешка механизација се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во непосредна близина на новиот комплекс згради и дом за стари лица во изградба кон Извидничкото одморалиште кај Далјан. Уште тогаш на терен излезе инспекција на Општина Охрид и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои потоа побараа од полицијата да го пронајде сторителите.

Поврзани новости