Ристова: Битката за УКИМ допвра доаѓа

by fokus

По прозивките од страна на студентите дека Универзитетот мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател, за утре е закажана вонредна седница на ректорската управа.

Од Студентскиот и Професорскиот Пленум ги повикаа студентите и граѓаните, утре во осум часот да дојдат пред УКИМ, за како што велат, да го одбранат она што ним им припаѓа.

Професорката Мимоза Ристова од Професорскиот Пленум смета дека битката за УКИМ допрва доаѓа, а како што вели, следниот потег ќе биде офанзива на граѓаните.

– Битката добива карактеристики на офанзива. Мислам дека следниот потег е кај нас, луѓето кои се спротивставуваат на криминални избори воопшто, во секој облик, дали на државно ниво или на ниво на оваа организација, којашто е државен универзитет, јавна установа. Ние ќе се спротивставиме со тоа што ќе побараме враќање, ресетирање на целата состојба на почеток, затоа што нерегуларностите се од повеќе аспекти. – порача Ристовска за изборот на нов ректор и за отворањето на нов Универзитет „Дамјан Груев“ во интервју за Радио слободна Европа.

И од Студентскиот пленум порачаа дека очекуваат сите професори, членови на универзитетскиот сенат едногласно да ги осудат изборите и да побараат одговорност од студентскиот парламент.

Поврзани новости