617
Специјалната обвиниетлка Ленче Ристоска на денешната прес конференција рече дека за СЈО сите се еднакви и секој кој сторил кривично дело треба да одговара, без разлика дали е сопственик на медиум.
-Ниеден медиум не е под истрага во СЈО, но доколку одредени лица кои се сопственици или се поврзани со некој медиум, сториле кривични дела кои се сами за себе кривични дела, тогаш треба да одговараат. Во интерес на сите е да се спроведе истрага и да се утврди дали има вина. Ги демантираме сите тврдења дека ние правиме притисок врз медиумите, рече Ристоска.
Ова следуваше откако неколку медиуми, предводени од Љупче Златев од Сител, во знак на револт поради како што наведоа притисокот од СЈО, ја напуштија прес конференцијата.