СЈО со истрага за фирмата на Латас за затајување данок

by fokus 12:50
12:50

Специјалното јавно обвинителство денеска презентираше четири нови истраги, сите за финансиски крминал.

Една од истрагите е за фирмата „Тотал“ за даночно затајување против физичко лице сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Осомничениот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра. Сопственик и управител на компаниите во бил новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Предметот „Табла“ се однесува на злоупотреба на службена положба од директорот на основното училиште „Реџо Ружит Зајази“ од село Зајас во 2006 година. Без постапка за јавна набавка осомничениот на фирма од Кичево и овозможнил противправна имотна корист од 200.000 евра.

Предметот „Триста“ е за злоупотреба на службена положба од помошник министер на МВР во врска со јавна набавка за триста возила и при тоа го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Случајот „Тифани“ е за затајување данок против едно физичко лице, управител на „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а осомничиената за 16 илјади евра. Во 2014 година сопственик на фирмата „Смарт груп“ ДООЕЛ била мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска.

Поврзани новости