1.5K
Во понеделник од 21 часот во Градскиот парк во Скопје, македонскиот бенд „Архангел“ ќе одржи концерт на отворено со поддршка на Филхармонијата на Македонија.
Фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев се заблагодари на можноста да настапи на овој концерт, со надеж дека Скопје ќе стане уште поубав град.
„Јас не сум пејач, туку автор на песни. Тие можете да ги облечете или како за на бал или во клошарска облека. Многу ми е мило што сум дел од овој концерт. Кога ги пишував песните, не се гледав во нив. Но сега, во овој амбиент, од оваа дистанца, сфатив дека се најдов во нив. Се надевам дека овој настан ќе придонесе за нашето Скопје да биде уште поубаво“, рече Вртев.