593
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески во Фејсбук објава напиша дека ексминистерот за здравство Беким Сали, дал скандалозно признание.
„Денес на Анкетна комисија за скандалот на УК за Онкологија првиот сведок екс министерот за здравство Беким Сали со скандалозно признание:
– Откако чепнав во криминалот на Онкологија и сменив директор почна политичкиот притисок кон мене!
Одговорност за Онкологија ќе има!
Монструмите на кои парите им се поважни од човечките животи, ќе одговараат!“ напиша Ристески.
Денеска во Собранието се одржа седница на Анкетната комисија за Онкологија, на која образложенија дадоа ексминистерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.