Ристески кон Ковачевски: Зошто сега се мачите со реконструкција кога граѓаните не ви веруваат

by Fokus

Ова е расправа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, ама премиерот Димитар Ковачевски ништо не кажа, не образложи ништо за неговата работа, рече пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за разрешување на министерот за здравство.

Ристески потсети дека Ковачевски бараше поголемо мнозинство за реформи, за борба против корупцијата, за пристапување кон ЕУ.

„Дали ова значи дека по шест години од практикување на власат вие признавате дека нема стабилност, цвета корупцијата, економијата пропаѓа. Ова е коалиција на лицемерие. Оваа пазарџиска коалиција е нереална бидејќи Алијанса за Албанците која сега влегува во Влада беше полна со критики за начинот на водење на власта. Зошто сега се мачите со реконструкција кога граѓаните не ви веруваат. Излез од оваа ситуација е можен само со избори“, посочи Ристески.

Поврзани новости