Рикер: Дел од моето срце секогаш останува тука во Северна Македонија

by fokus

Со извинување дека ќе зборува на англиски јазик ја започна својата изјава заменик помошникот секретар на САД, Филип Рикер, кој е денеска во работна посета на Македонија. Тој потсети дека бил ангажиран во амбасадата на САД уште во 90-тите години, а дека беше и амбасадор од 2008 до 2011 година.

-Чест ми е и радост што сум назад тука во Северна Македонија. Дел од моето срце секогаш останува тука во Северна Македонија. Вие секогаш имате поддршка од САД и секогаш ќе ја имате и мојата поддршка. Како поранешен дипломат на САД бев тука во тешкиот период на 90-тите, се вратив како амбасадор, а потоа како заменик асистент секретар за Европа – рече Рикер.

Тој ја пофали Владата за спроведените реформи, рече дека растот на странски инвестиции е инспиративен, а го спомна и успехот на Преспанскиот договор.

-Драго ми е што сум тука да го изразам восхитот на САД за сето она што го постигнавте. Преспанскиот договор останува модел за храбри решенија. Вчера ми беше драго што можев да наздравам со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за вестите од Вашингтон. Сега ќе чекаме целиот Сенат да гласа за протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО – рече Рикер.

Тој додаде дека е „возбудливо да се биде вклучен денес во процесите во Грција и Северна Македонија“.

 

Поврзани новости