Ричард Гир хоспитализиран во болница

by fokus

Холивудскиот актер Ричард Гир моментално е во Мексико со членовите на неговото семејство каде се опоравуваат откако му беше дијагностицирана пневмонија.

Здравствени проблеми имале и сите останати членови на семејството.

Гир бил на одмор со семејството, а штом почувствувал проблеми отишол во болница, каде лекарите го советувале да остане со нив преку ноќ за да ја следат неговата состојба.

Но, тој останал само еден ден, по што бил пуштен на домашно лекување.

Актерот го прославувал 40-от роденден на сопругата Алехандра со нивните мали деца кога на сите им се слошило.

Поврзани новости