РХ Фарма доби решение за производство на екстракти од канабис за медицински цели

by Fokus

РХ Фарма ДОО – Скопје, на 28.04.2020 официјално доби решение за производство на екстракти од Канабис за медицински цели во форма на примарен екстракт и фармацевтски дозирани форми во облик на маслен раствор.

Ги информираме сите заинтересирани одгледувачи на билката Канабис за медицински цели, дека нудиме услуга на суперкритична CO2 екстракција (припрема, CO2 суперкритична екстракција, изготвување на официјален извештај т.е. сертификат за квалитет со идентификација и одредување на содржина на канабиноидите), како и in bulk пакување на крајниот производ на билката Канабис за медицинска употреба.

Сите заинтересирани, може да не контактираат за дополнителни информации околу условите и услугите.

Лице за контакт: Анета Секованиќ

Тел: +389 71246252

e-mail: aneta.sekovanic@rhpharma.mk

Со почит,

РХ Фарма ДОО – Скопје

Поврзани новости