Режисерот Поповски: Протестирам за сите неправди кои и се направени на Македонија!

by Фокус

Режисерот Александар Поповски во моментот, од пред Владата, и се обрати на насобраната толпа, пред која што кажа дека „Нешто е труло во државата, во Македонија, и затоа треба да оздрави“.

Тој своето обраќање го започна со една приказна. Раскажа дека кога во шумата се случил пожар, меѓу останатите животни кои се труделе да го изгаснат огнот била и мравката. Кога враната ја прашала што прави, укажувајќи и дека таа е мала и не  може да помогне, мравката и одговорила дека и е важно да каже на која страна стои! Поповски преку приказната им порача на насобраните дека сечие присуство е неопходно, а од се најмнoгу е важно да се знае на која страна и припаѓаат.

-Јас денеска стојам на страната на луѓето кои протестираат за подобра Македонија. Кога првата архибригада протестираше, протестирав! Кога го убија Мартин, протестирав! Кога Кежаровски беше во затвор,протестирав! Кога се сечеа дрвја на Илинденска, протестирав! Кога се исфрлаа новинари и пратеницви од Собранието,  протестирав! Кога гинат полицајци, протестирам! Кога се заканувате на средношколците, протестирам! Кога сакате да не исчистите, протестирам! Протестирам за сите неправди кои и се направени на Македонија!, истакна во своето обраќање реѓисерот Поповски.

 

Поврзани новости