Режисерот на „Џокер“ им врачи престижна награда на Љума и Даут за „Медена земја“

by Фокус

Македонските кинематографери Самир Љума и Фејми Даут ја добија престижната ASC Award од Американското здружение на кинематографери за работата на документарецот „Медена земја“, кој е номиниран за оскар во две категории.

-Ова е добар пример за секој кој сака да се занимава со оваа работа, дека еден ден можеш да го држиш ова признание само ако си многу искрен. Ако го сакаш тоа што го работиш и сонот ќе ти се оствари – изјави Љума по доделувањето на наградата.

Наградата, која се додели за првпат во оваа категорија, на синоќешната свеченост во Холивуд им ја врачи Тод Филипс, режисер на „Џокер“, кој има дури 11 номинации за овогодинашните оскари.

Поврзани новости