Адвокатот на Брус Вилис проговори за причините поради кои актерот продолжил да работи и покрај тоа што му била дијагностицирана афазија.
Според Лос Анџелес Тајмс, адвокатот на Брус, Мартин Сингер, одговорил на тврдењата дека режисерот Рандал Емет го терал актерот да работи и покрај неговите здравствени проблеми.
– Мојот клиент продолжи да работи по неговата медицинска дијагноза затоа што сакаше да работи и можеше да работи, исто како и многу други со дијагностицирана афазија кои се способни да продолжат да работат – рече тој.
– Бидејќи господинот Вилис се појави во тие филмови, можеа да се финансираат. Ова резултираше буквално илјадници луѓе да имаат работа, а многу за време на пандемијата на Ковид – додаде тој.
Вилис глумеше заедно со Меган Фокс во „Midnight in the Switchgrass“ како агент на ФБИ кој брза да ја спаси својата партнерка од сериски убиец што го сретнале додека истражувале синџир за трговија со луѓе на Флорида.
Актерот заврши уште пет филмови со Емет пред да го објави своето повлекување од актерството на почетокот на оваа година.
Семејството на Брус во март објави дека актерот се повлекува од својата повеќедецениска актерска кариера откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување кое влијае на неговите когнитивни способности.