Утре без струја дел од корисниците во Карпош, Аеродром, Сарај и Сопиште

by Fokus

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Сарај, Аеродром и Сопиште.

Во периодот од 08.30 до 09.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Гиго Михајловски” бр.10 во општина Карпош.

Од 08.00 до 10.00 часот, струја ќе немаат потрошувачите во околина на базенот Сарај.

Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Мите Богоевски” од крстосницата со ул. „Гаврил Константиновиќ” бр.42., во општина Аеродром.

Во Општина Сопиште во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од ул.„Ветрило”, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите.

Без струја утре ќе бидат во периодот од 10.00 до 15.00 часот, објектите во село Бардовци.

Поврзани новости