РЕЖИМСКИ МАРИОНЕТИ

by fokus

“Господине” Стевчо Јакимовски, зборот “предавник” не му прилега на господинот Зоран Заев, бидејќи интелектуално е милиони светлосни години пред вас. Предавството е Ваш префикс, Вие го предадовте својот народ, својата партија, за позиција и исклучиво личен интерес, и бидете сигурни дека ќе дојде денот кога ќе одговарате за своето предавство.

Арбен ГОЉА

Почитувани граѓани,

Запрепастен сум и згрозен до каде оди национализмот и омразата на одредени јавни личности, професори и политичари, кој заземаат високи функции во локалната самоуправа, високообразовните институции и политичкиот живот.
Слушајќи ги нивните јавни настапи со пена на уста, како бесни кучиња, ова малку коса на глава ми се подига.
Бедно е кога гледаш креатури кои се нарекуваат интелектуалци, а немаат ниту “И” од интелектуалноста, или универзитетски професор која нема ниту “У” од универзумот, а уште помалку “П” од титулата професор кое така бедно го срамоти.
Фрапантно е сознанието дека токму на овие личности, или подобро кажано креатури, народот им ја доверил улогата на креатори на меѓуетничкиот соживот и изградба на мултиетничко општество во Македонија.
Поводот на нивните жестоки и радикални реакции, преполни со националистички набој е изјавата на претседателот на СДСМ, господинот Зоран Заев, дадена на собирот на нашите сонародници во Берн, Швајцарија, дека се залага изучувањето на албанскиот јазик да се воведе во образованието во цела Македонија.
Поради оваа своја изјава и став беше прозван и наречен предавник на македонскиот народ од градоначалникот на општина Карпош, ќе го наречам од добро воспитание господинот ( иако е далеку од овој епитет ) Стевче Јакимовски.
Замислете до каде оди шовинизмот и паранојата на овој “господин” кога е предавство да се учи јазикот на својот сограѓанин! Се прашувам, што ќе изгуби Македонецот ако го учи и научи јазикот на својот сограѓанин Албанец? Што јас изгубив што го говорам македонскиот јазик подобро од чистиот етнички Македонец, иако сум Шиптар (во буквален превод Албанец, ама нашиот Стевче љуби така да не нарекува).
Очигледно на овој “господин” читањето не му била јака особина, па осознал дека “секое познавање на нов јазик е уште еден прозорец кон светот”.
“Господине” Стевчо Јакимовски, зборот “предавник” не му прилега на господинот Зоран Заев, бидејќи интелектуално е милиони светлосни години пред вас. Предавството е Ваш префикс, Вие го предадовте својот народ, својата партија, за позиција и исклучиво личен интерес, и бидете сигурни дека ќе дојде денот кога ќе одговарате за своето предавство.
А што да кажам за мојата јадна “пријателка” Тања Каракамишева! Не, не ја заборавив нејзината титула, едноставно сметам дека не заслужува така да ја именувам, тоа е мој личен став, да не се разбереме погрешно. Веќе и не ме чудат нејзините јавни настапи  Се е тоа последица на нејзините фрустрации и комплекси од нереализираноста на нејзината болна амбиција да достигне висока политичка кариера. Од неуспешните обиди преку Демократска Алтернатива па до Демократски центар, на крајот заврши како режимска марионета, обичен “расипан разглас” на ВМРО-ДПМНЕ. Егзактен пример на личност без “personality”, личност која има цена и тоа евтина.
Драги мои сограѓани, мислам дека и нема потреба понатака да коментирам, не се вредни за арчење време. Наша среќа е што се малку и се кукавици, инаку се што не се согласува со нив или што се разликува по етникус и по било кој друг основ, ќе правеа сапун од нас.
Ваквите мизантропи (човекомразци) се трагедијата на нашава убава Македонија, тие не држат веќе 10 години во мрак, тие ни ја опустошија и ни ја опљачкаа, ги девалвираа сите вредности што ја красеа оваа земја.

Поврзани новости