Резерви вакцини се чуваат за попишувачите

by Fokus

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во гостувањето во Утрински брифинг говореше за претстојниот попис кој е планиран да се одржи во септември.

„Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки. Затоа граѓаните од тој аспект треба да бидат спокојни. Во септември времето е се се уште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено. Очекуваме дека и поголем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Од министерството за здравство семе информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани“, изјави Симевски.

Поврзани новости