Се чини дека би можеле да гледаме револуционерни промени во англиската Премиерлига следната сезона.
Како што пренесуваат островските медиуми, Њукасл решил повторно да ја воведе „стоечката“ трибина на која ќе можат да се соберат најжестоките поддржувачи на клубот.
Од управата на клубот најавија дека трибинското тестирање ќе започне следната сезона, а дополнително најавија и дека во југоисточниот дел од стадионот ќе биде поставен дел со седишта за околу 1.800 симпатизери.
Дополнително, одделно ќе бидат одредени и дел од трибините за гостинските навивачи.
Да потсетиме, местата за стоење се забранети уште од трагедиите на „Хилсборо“ во 1989 година кога загинаа 97 навивачи на Ливерпул и на стадионот „Фуријани“ во Бастија во 1992 година кога на натпреварот помеѓу Бастија и Марсеј 19 навивачи беа убиени.