Рецезентите во Агенцијата за филм сами си доделувале пари.
„Транспаренси интернешнл“ открива дека не сите што конкурирале минатата година добиле еднакви услови за колачот од 4.2 милиони евра, кој Агенцијата го поделила по основ финансирање за краткометражни и долгометражни филмови.
„Станува збор за истиот Конкурс каде подносителот на филмски проект е и член на Филмскиот совет кој има одлучувачка функција. Повторно ситација која се коси со дадената изјава“ вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл“ Македонија.
Ниту директорот не презел мерки за спречување на судирот на интереси, иако имал и надлежност и обврска да го стори тоа.
Ваквата постапка најверојатно би продолжила ако „Транспаренси интернешнл“ не ги побарале документите да испитаат на кого и на кој начин се доделуваат парите. Сега од организацијата бараат целиот процес да се врати на почеток.
„Овие се состојби за кои директорот на Агенцијата за филм имал можност да ги избегне и требало да се спреведе една анализа за ризикот дали постои ризик некој да се посомнева во законитоста и легитимноста на постапката за доделување на средствата“ рече Тасева.
Сега од невладината организација очекуваат Обвинителството и сите надлежни органи да реагираат по добрен глас и соодветно да се постапи и во однос на прекршувањата на одредби од Кривичниот законик.
Скандалите и судирот на интереси не се новина во Агенцијата за филм, за што потврдуваат и од „Транспаренси интернешнл“. Затоа од таму очекуваат да бидат донесени нови правила за нејзино работење, како и систем на санкции за нивно непочитување.