10 години малолетнички затвор за убиството на 16-годишникот од тетовско Ново Село

by Fokus

Седумнаесетгодишната девојка која го уби 16-годишниот Б.Х. од тетовско Ново Село доби казна – 10 години малолетнички затвор.

Тетовскиот суд ја објави пресудата за убиството на момчето чие тело беше пронајдено во реката Пена, на местото викано Бањиче.

Затворската казна од 10 години девојката ќе ја отслужува во затвор за деца.

Истражителите утврдија дека девојаката по вербална расправија во автомобил, со предмет го удрила оштетениот во главата неколкупати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

Овој случај ја разбранува јавноста.

На 22 декември 2022 година, по неколкучасовна потрага, во водите на Пена беше пронајдено безживотното тело на 16-годишникот.

Поврзани новости