423
Дигитална камера за надзор била украдена така што крадецот го исекол дрвото на кое била поставена, информираат од полицијата.
„На 27.05.2018 година во 03.15 часот во реон на Злокуќане, при контрола од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Белановце, било констатирано дека била украдена дигитална камера за надзор. Непознатиот сторител ја одзел камерата на начин што целосно го исекол дрвото на кое била поставена на 25.05.2018 година. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од таму.