Ресорот за борба против корупцијата и човечки ресурси на чие чело досега вицепремиер беше Љупчо Николовски ќе стане ресор за „добро управување“, најави мандатарот, Димитар Ковачевски.
На ова место кое за две години не даде никакви резултати ќе седне, поранешната пратеничка, Славица Грковска и според Ковачевски ова вицепремиерско место е препорачано од партнерските меѓународни организација.
Тој вечерва во „Топ тема“ на Телма кажа дека овој сектор ќе го смени опфатот и смета дека борбата против корупцијата и криминалот треба да се води во ресорните министерства за првда и министерството за внатрешни работи.
Се планира овој сектор да воспостави систем на владеење на стандарди во институциите, добро владеење, пренесување на знаење и процеси за дигитализација со цел да се намали човечкиот фактор.
По најавите дека ќе има промени во овој ресор, Фокус испрати денеска прашања до владата какви промени се планираат, но одговор не добивме.