„Решавањето на проблемот со Бугарија не би требало да трае 20 години“

by Fokus

Запрашан може ли да се разговара за нечиј идентитет, што е внатрешно чувство на припадност, некогашниот медијатор, Метју Нимиц е дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

-Не, не можете. Меѓу Грција и Северна Македонија имаше внатрешни чувства, и сеуште има. Луѓето во Северна Македонија се емотивни за тоа и луѓето во грчкиот регион Македонија се сеуште емотивни. Не се водите од емоции, но, можете да постигнете договор за тоа како разговарате за тоа, како го артикулирате тоа, со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања, вели американскиот дипломат.

Амбасадорот Нимиц смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да го решат прашањето, како и за тоа дали им е потребна медијација.

-Една медијација во животот е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

Поврзани новости