Микробиологот Никола Пановски вели дека примањето вакцина е доброволен избор на секој граѓанин и никој нема право да ги присилува граѓаните да се вакцинираaт.
Затоа, смета дека надлежните треба да се обидат јасно да објаснат за придобивките од вакцинацијата и за можните компликации и проблеми што може да настанат доколку некој не биде вакциниран.
„Алтернатива на кампањата „Ако не се вакцинираш сега, од септември нема кафана“, според мене, би била „Ако не се вакцинираш ќе се разболиш и…“ во овој стил би требало да оди по медиуми:
„Драги граѓанки и граѓани, од септември се планира училиштата да работат со физичко присуство на децата. Децата се со екстремно низок ризик од компликации од Ковид, но може лесно да се инфицираат и без или со симптоми слични на настинка да ви го донесат вирусот дома и да ве инфицираат вас родителите или вашите родители. Ризикот кај вас од компликации од Ковид, доколку не сте ја прележале болеста или не сте вакцинирани е многу повисок отколку кај децата, реален е и многу веројатен. Обезбедени се бесплатни безбедни вакцини за да се заштитите, има време да го направите тоа. Изборот е ваш. Вакцината е доброволна, никој нема право да ве присилува да ја примите“ – порачува Пановски.