Грозданов си обезбедил вработување на неопределено во ПУИК и после разрешувањето

by fokus

Поранешниот директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, со менаџерскиот договор си обезбедил место во некогашно ПУИК и после разрешувањето. Генералниот сектретар на Владата, Драги Рашковски, вели дека во својот менаџерски договор Грозданов внел одредба со која го обврзува ПУИК да го задржи како вработени на неопределено време. Инаку, како директор Грозданов земал плата од 95.000 денари, вели Рашковски.

-Ова е дирекно кршење на Уставот на РМ со кој се гарантира еднаков пристап до вработување на секој граѓанин. Спротивно на моралните принципи. Спротивно на своето постоење – смета тој.

Комисијата за спречување на корупција, пак, на барање на Гроздана дала позитивно мислење дека нема законска пречка да остане во работен однос во ПУИК. Од Антикорупциска велат дека со менаџерскиот договор Акционерското друштво има преземено обврска да го прераспредели на работно место соодветно односно кое одговара на неговата стручна подготовка и работно искуство. Не е познато на која позиција новиот директор ќе го постави Грозданов.

Ова претпријатие се најде како точка на една од претходните владини седници затоа што Централниот регистар ја префрлил својата добивка од минатата година во износ од 22 милиони денари на сметка на градежната компанија „Бетон“ која ја гради административната зграда на ПУИК. Објектот во неокласичен архитектонски стил се подига на тревникот во близина на Македонската опера и балет, а од Владата побараа управниот одбор на Централен регистар да ја преиспитаа оваа одлука.

Поврзани новости