Републиканците од Претставничкиот дом денска блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да се повикаат на 25-от амандман и да го симнат претседателот Трамп од функцијата.
Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент на претседателот, по насилните протести од минатата недела на Капитол.
Членови на двете партии изјавија дека претседателот ги поттикнал немирите.
Пелоси рече дека ќе ја подонесе резолуцијата во Претставничкиот дом за гласање утре, ако денеска не добие едногласна поддршка.
Демократите во парламентот побараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.
Претставничкиот дом на САД денеска објави текст за импичмент на актуелниот претседател Доналд Трамп, републиканец, поради како што наведоа – поттикнување на бунт, јави Си-Ен-Ен.
Авторите на иницијативата, која веќе е официјално доставена од демократот Дејвид Сисилини (од Род Ајленд), се убедени дека Трамп, со своето однесување на денот на немирите во близина на Конгресот на САД, „демонстрира дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и устав ако му биде дозволено да остане на функцијата “.