Бугарија и предложила на Македонија акционен план за спроведување на Договорот

by fokus

Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, изјавија за БГНЕС од прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Поврзани новости