„Република“: И сајтот на СДСМ е опозициски!

by lali

Второто по ред истражување на независниот портал „Република“ носи уште пошокантни информации за бројот на опозициските медиуми кои по сѐ изгледа никнуваат како печурки по дожд. Откако „Република“ докажа дека дури 25 медиуми, меѓу кои весници, телевизии и сајтови директно се под контрола на опозицијата, овој портал обезбеди несоборливи докази дека бројот на опозициските сајтови е далеку, далеку поголем.

Имено, „Република“ денеска открива (линк до оригиналната сторија) дека и сајтот на СДСМ е опозициски. Тимот истражувачи на независниот портал успеал да дојде до јавните податоци од Марнет на кои недвосмислено стои дека зад www.sdsm.org.mk стои политичката партија СДСМ.

SDSM

(доказ)

„Ако на ова го додадете бројот на сајтовите на општинските организации на СДСМ ќе дојдете до фрапантна бројка од повеќе од 50 опозициски медиуми, цифра што ја нема во ниту една демократска земја на ЕУ. Не сме провериле ама повеќе од сигурно е дека зад сајтовите на ЛДП и на НСДП стои исто така опозицијата, додека не е тешко да се претпостави дека и зад сајтот на ДОМ провејува опозиционерство. Ако го најдеме сајтот на партијата на Павле Трајанов, сигурно и таму на моменти ќе најдеме проопозициско расположение“, анализира „Република“ и коментира дека во Македонија цвета плурализмот на медиумската сцена.

Disklejmer

Поврзани новости