Репрезентацијата се сели во Амстердам: Можеме ли со позитивен крај на ЕП?

by Fokus

Репрезентацијата на Македонија, денеска, ќе замине од романската престолнина Букурешт и ќе се пресели холандскиот град Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.

На „Јохан Кројф“ арената во Амстердам, Македонија, силите ќе ги одмери со лидерот во групата, Холандија, која пред стартот беше фаворит во оваа група.

Овој меч нема никакво резултатско значење за Македонија и нашата селекција ќе се обиде да го поправи впечатокот од претходните два дуели.

Фото – ФФМ

Поврзани новости