388
Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на Репортери без граници, посветена на слободата на печатот, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, има Финска, пред Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд. Најлошо рангирани се Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја која е последна на листата. Инаку, ова е шеста година по ред како Финска ја предводи листата на Репортери без граници.