Репортажа за Македонија ќе се емитува на најгледаната телевизија во Латинска Америка

by fokus

Убавините и културното и историско наследство на Македонија се опфатени во репортажата за нашата земја која ќе се емитува в петок на најгледаната емисија за патеписи во светот „Глобо репортер”.

Во Бразил оваа емисија ја гледаат, во просек, помеѓу 40 и 60 милиони гледачи. Репортажата ќе се емитува на ТВ Глобо, најголем ТВ-канал во Латинска Америка и еден од најголемите во светот, информира македонскиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски.

https://youtu.be/7lJ7j4fUTKM

Поврзани новости