Консолидираната оперативна добивка за период од 1 јануари 2017 година до 31 декември 2017 година на Реплек АД Скопје изнесува 140.477.000 денари и е зголемена за 15 отсто во однос на истиот период претходната година, соопштуват од таму.
Оперативните приходи изнесуваат 980.760.000 денари и се зголемени за 14 отсто, а оперативните расходи изнесуваат 840.370.000 денари и бележат зголемување за 13 отсто во однос на истиот период претходната година.
Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 61 отсто во вкупните приходи од продажба и имаат зголемување од 43 отсто во однос на истиот период минатата година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 144.464.000 денари и бележи пораст за 18 отсто во однос на истиот период претходната година.