Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, професорката Фросина Ременски говореше за акцијата „Двојник“ со фалсификуваните патни исправи.
„Анализирајќи го целиот скандал, организиран криминал, не можам да се согласам дека ова на приведени лица, на кои што им е одредена мерка и од јавно достапните информации, не можам да се согласам фокусот да биде ставен само на управно-надзорните служби при МВР. Оваа е оригинална форма на биометриска патна исправа, која што според сите ИКАО-стандарди не може да се фалсификува. Пасошот е толку високо заштитен што тој ако не се направи, како што го направиле, не би можел да се фалсификува“, вели Ременски, и додава дека на овие лица им биле направени прво фалсификувани лични карти на веќе постоечки идентитети, односно дека не можат да извадат биометриски пасоши без лична карта.