400
Ситуацијата со бегалците е алармантна и доста сложена, оцени потпретседателката на опозицискиот СДСМ Фросика Ременски, која денеска ја посети желеничката станица во Гевгелија, од каде се превезуваат мигранти кон север.
– Потребна е навремена реакција на надлежните институции. Времените решенија на владата и привремениот штаб не се доволни за да се одговори навремено на овој предизвик. Изведувањето на ризик и на мигрантите и на полицијата е на штета на сите страни, па и на угледот на Македонија. Неопходна е помош од ЕУ во средства и во програма, а владата посериозно да се зафати со овој проблем – изјави Ременски.