Дел од мигрантите го пробија полицискиот кордон

by Фокус

Поголема група мигранти го пробија полицискиот кордон, влегоа на македонска територија и се разбегаа низ околните полиња на патот до Гевгелија.

Не сакајќи повеќе да чекаат, тие сами тргнаа на македонска територија, што предизвика реакција на полицијата и војската, кои употребија и шок-бомби.

Арно ама, тие не го спречи нивниот пробив, а досега нема информација дали некој е повреден.

Поврзани новости