Ременски: Разрешувањето на директорите е поради неисполнување на законски обврски

by Фокус

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска на пресконференција рече дека пет од вкупно 28 директори на јавни установи, на кои им бил понуден менаџерски договор не се разрешени затоа што уредно ги потпишале менаџерските договори и ја исполниле својата законска обврска за склучување менаџерски договор со министерот за труд и социјална политика, додека оние кои беа разрешени не го направиле тоа.

-Разешувањето на директорите е направено поради неисполнување на законските обврски за поднесување годишен извештај за материјално-финансиско работење до министерот и на законската обврска за склучување менаџерски договор. Диме Спасов, како министер за труд и социјала, избрал 28 директори на јавни установи, но не ја искористил законската обрска да склучи менаџерски договор со нив. За ова непостапување, јас во понеделникот поднесов кривична пријава против дополнителниот заменик-министер Диме Спасов, изјави Ременски.

Таа додаде дека Спасов треба да им објасни на разрешените директори зошто се ставил над законот и не склучил менаџерски договор со нив. Таа побара тој да објасни и зошто партиски ја координирал непослушноста на директорите кон министерот за труд и социјала, поради што сега 23 директори се разрешени од работното место.

Поврзани новости