Продолжија преговорите за спроведување на Договорот од Пржино

by Фокус

Работните групи за спроведување на Договорот од Пржино денеска по тринеделна пауза продложија со преговорите. Главни прашања за кои треба да се договорат се прочистувањето на Избирачкиот список и регулацијата на медиумите.

Се очекува денешните преговори да бидат само загревање, а во наредните денови средбите да се интензивираат за да се дојде до конечно решение и да се создадат услови за спроведување на предвремените избори.

Загриженост за неисполнувањето на обврските од Договорот од Пржино, токму во делот на слободата на медиумите вчера изразија и тројцата европратеници  Вајгл, Кукан и Ховит, кои порачаа партиите да не губат време за итно спроведување на реформите.

Поврзани новости