Ременски по пресудата за „Меѓународен сојуз“: Ова беше измачувачки долг судски процес

by fokus

Професорката Фросина Ременски, по објавата на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беше ослободена од обвинение, истакна дека е задоволна од одлуката на Кривичниот суд, но истакна дека целиот процес за неа бил измачувачки.

-Задоволна сум од денешната одлука на Судот. Повеќе од две години и психички, емоционално и физички минувам низ процесот. Барам време да ја добијам и прочитам пресудата и потоа евентуално да се изјаснам, односно образложение за какво било новинарско прашање. За случајот досега и премногу зборував, треба сериозно да се размисли и за укажувањето од судот во однос на однесувањето на политичарите и функциониерите. Ми треба време и разбирање од вас за мојата денешна состојба, треба да ги средам емоциите по овој измачувачки долг судски процес, изјави поранешната пратеничка Ременски.

За разлика од Ременски, казна затвор од 9 години доби Бојан Јовановски-Боки 13, на 4 години е осудена Јасна Ерцеговиќ. Обвинетата Христина Блажевска пак е осудена на казна затвор од една година. Таа беше ослободена од вина за кривичното дело измама, но беше прогласена за виновна за помагање за извршување на делото „Перење пари“. Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, доби условна казна од две години.

Поврзани новости