Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска беше во посета на Струмица каде што посети повеќе центри меѓу кои и Центар за деца со посебни потреби, Центарот за социјални работи, а ги посети и пензионерите коишто преку Министерството за труд и социјална политика ја користат можноста за банско-климатска рекреација.
-Кога зборуваме за релната грижа за пензионерите имаме во предвид дека треба многу да се вложува за да се подобри реалната позиција на пензионерите. Пред се мислиме на враќање на годишното услогласување на пензиите со растот на трошоците за живот. Ако се сеќавате тоа беше два пати во годината јануари и јули месец. Од пред 3 години имаме номинално зголемување на пензиите односно целата маса на пензии за 5% и линеарна исплата на покачување на пензија од 500 денари за што сметаме дека не е согласно принципот на еднаквост во однос на висината на корисниците на пензии, изјави Ременски.
Таа рече дека тие планираат да го вратат законскиот основ за два пати усогласување на пензиите во текот на годината што ќе придонесе за раст на пензиите во текот на годината за повеке од 600 денари како што е во моментот.