ВМРО-ДПМНЕ: Ги охрабруваме 24 Вести и Телма да се спротистават на притисоците од СДСМ

by Фокус

Ги охрабруваме Телма и 24 Вести во иднина да се спротистават на притисоците на СДСМ и објективно да ги информираат граѓаните, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако телевизија 24 Вести испрати соопштение во кое вели дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги цензурира.

-Ниту Телма, ниту 24 Вести не известија за новите мерки за млади лица кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ и кои значително го подобруваат квалитетот на животот на младите во Македонија, особено оние кои доаѓаат од семејства со пониски примања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека граѓаните кои ги следат „медиумите блиски до СДСМ или финансирани од СОРОС“ повторно биле скратени од вистината и не добиле слика за тоа што се случува.

Поврзани новости