370
Новата министерка за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, денеска и официјално ја презеде министерската функција и влезе во канцелариите на Министерството. На првиот работен ден, новата министерка оствари средби со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството.
На средбите присуствуваа и замениците Диме Спасов и Ибрахим Ибрахими, кои со Ременски разговарале за моменаталните состојби во Министерството, како и за исполнување на законските надлежности.
Вчера и новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја презеде министерската функција од неговиот претходник Митко Чавков.