Ременски: Интересот на заедницата е поголем од чувствата на жртвите на 27 април

by Фокус
Потпретседателката на Собранието и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи, Фросина Ташевска-Ременски, најавува дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување, да го усвои и да го предложи на Собранието во форма на нацрт-законн.
– Важно е што продгрупата не ја презема улогата на Обвинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резултат – рече Ременски во интервју за МИА.
Таа додаде дека сите чинови на амнестија во РМ од осамостојувањето до денес, како и примерите што ги имаат други земји, пред се, имале политички мотив, што, според неа, не е спорно.
– Самиот чин на амнестија испраќа порака кон амнестираните и нивната одговорност кон поширокиот интерес на заедницата, а не кон индивидуалниот, а во истовреме испраќа порака и на заедницата за вреднување на настаните и дејствијата за кои има, односно нема амнестија. Важно е да се спомене дека, заради интересот на пошироката заедница, во случај со настаните од 27 април не беа примарни субјективните чувства на жртвите од настаните – посочи Ременски.
Според неа, овој процес треба да ги опфати сите извори, причини и терени на исполнување на политички мотивираната радикализација на младото население, говорот на омраза кој раѓа насилство и меѓуетничките и меѓуверски односи.

Поврзани новости