Ременски го сменила телефонот 4 дена пред отворањето на истрагата за „Рекет“

by Fokus

Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата.

Како што пренесува Телма, пратеничката имала два телефонски броја, а истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен, бил нов, кој почнала да го користи на 11-јули, четири дена пред да се отвори истрагата за „Рекет“.

Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

 

Поврзани новости