Ременски: Антикорупциска утврди дека екс директорот на УБК, Николовски, живее во куќа на адвокатот на Камчев

by fokus

Пратеничката Фросина Ременски утринава беше во Државната комисија за спречување на корупција, за да како што изјави, се информира до каде е постапувањето по пријавите која таа ги поднела. Како што појасни, станува збор за противправното овозможување на пензија на Сиљан Аврамовски, за лабароторииите во МВР, како и за имотот на кој што живее поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

-Антикорупциска констатира дека Николовски живее на тој имот, односно во куќа на адвокатот на Орце Камчев. Треба да се истражат можностите и релација со актуелни предмети, за тоа дали како директор на УБК влијаел и овозможил некакви материјални добра на својот поранешен шеф, како и тоа дали тоа што живее во куќата на адвокатот на Камчев била причина поради која не презел активности кои требало да ги превземе, истакна Ременски.

Според неа, Камчеви на тогашниот директор на УБК, му пријавиле дека им се случува Рекет, но тој не постапувал иако бил должен како службено лице.

-Се одговара и за непостапување, нешто за што Митко Чавков е осуден на 18 години затвор за 27 април. И тука, има сериозен впечаток дека Горан Николовски непостапувал, иако тоа била негова обврска, истакна пратеничката.

 

 

Поврзани новости