569
На седницата на Ректорската управа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, која заврши пред малку е решено да се побара одложување на процедурата на целиот пакет измени на Законот за високо образование, со кои се воведува државен испит предложен од Владата.
Според информации на „Фокус“, против воведувањето на државен испит се потпишале 23 декани на факултети, а се шпекулира дека и ректорот Велимир Стојковски се соогласил да се побара одложување на новите законски измени во високото образование.