Рекордни 51 случај на вирусот во Тиквешијата

by fokus

Центарот за јавно здравје во Кавадарци денеска регистрира рекорден број на позитивни случаи  на Ковид-19 во Тиквешијата.

Во Кавадарци регистрирани се 39 случаи, во Неготино 11 и едно лице во Демир Капија. Помеѓу новоинфицираните во Кавадарци има двајца здравствени работници и еден ученик од второ одделение, поради што 18 деца и две наставнички се во изолација.

Во Неготино инфицициран е здравствен работник, а во основно училиште во Возарци каде беше одобрена настава со физичко присуство, позитивна е наставничка поради што седум деца се во изолација. Се чекаат уште резултати од брисевите до крајот на денот.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости