Судот одлучи – Лидија Димова останува без пасош

by fokus 14:26
14:26

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и одлучи на разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова да и биде одземен пасошто, да се јавува повремено во суд и да и се забрани вршење на одредени дејствија.

Истите мерки за претпазливост му се одредени и на осомничениот Александар Гочев кој исто така денеска беше на распит во Кривичниот суд. Овие мерки уште во петокот му беа одредени на осоммничениот во истрагата Зоран Златковски, Сопственик на В.Е.З. Трејд.

- Advertisements -

Финасиската полиција поднесе кривична пријава против четири лица, а Обвинителството отоври истрага за неколку кривични дела. Осомничените се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари или над 400.000 евра.

Поврзани новости