Со најголеми инвестициски проекти од 50 милиони евра во изградба на 1.100 станови во 2015-та година, Адора инженеринг, градежниот лидер во Македонија, ја одбележа 13 годишнината од своето постоење, со зголемување на изградбата на станови годинава за 400 % споредено со просекот од изминатите 12 години. Овој потврден градежен бренд 2015-та ја одбележа со почетокот на градбата на уникатниот станбено деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, новиот урбан симбол во централната зона на македонската метропола, проект вреден 22 миолиони евра, што како најголема домашна инвестиција во високоградбата претставува 11 % во вкупните инвестиции во градежниот сектор-високоградба во 2015-та во Македонија.
„Фактот што ние ја имаме една од најблагородните професии во општеството, а тоа е градењето сигурни, квалитетни и трајни домови во кои неколку поколенија граѓани го минуваат својот живот, на компаниите од високоградбата ни дава бескрајна одговорност, каде ни најмала грешка не е дозволена. Во услови на перманентна глобална криза и неизвесност, со храбри одлуки за крупни инвестиции, растот на Адора инженеринг се должи пред сѐ на професионалниот високостручен тим кој за 13 години од само двајца, во 2015-та година порасна на 400 вработени“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг на одбележувањето на 13 годишнината на компанијата.
„Во 2015-та година компанијата продаде 20 илјади м² недвижности, станбен и деловен простор, што се должи на довербата на граѓаните, кои во Адора инженеринг препознаа потврден партнер кој домовите ги гради со револуционерни иновативни решенија за безбедеден, економичен и квалитетен дом и секогаш за купувачите има вредни изненадувања“, порача д-р Драгана Чифлиганец, посакувајќи во новата година сите да бидеме похумани и почовечни, како темел за секој успех.
„13 годишниот подем на Адора инженеринг што се должи на поволната бизнис клима во градежништвото, високоградбата и на макотрпната работа на сите вработени во компанијата, резултира со 2.500 станови изградени досега, со што овој градежен бренд се вброи меѓу петте најбрзорастечки компании во Македонија со голем придонес во националната економија, со што се потврди како успешна македонска градителска приказна“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.
На прославата на 13 годишнината на Адора инженеринг, нејзиниот деловен партнер Евроинс Осигурување им подели осигурателни пакети на најсреќните купувачи на стан, а општествената одговорност компанијата и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја потврдија со поддршка на светскиот шампион во кик бокс Димитар Ѓеорѓиев, поддршка на едукацијата на студенти на обука за Аутодеск Америка во тренинг центар во Македонија, на музичката поп дива Тамара Тодевска, која имаше концерт на настанот, како и со хуманата акција „Исполни желба“ за помош на тешко болните деца во Македонија.