Кривичниот совет ги побара од Јанева пасошите на Верушевски и Лазаревски

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 денеска ја информираше јавноста дека Кривичниот совет побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави податоците за патните исправи и самите патни исправи на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски за да може да го разгледа предлогот за укинување на мерката притвор.

-Во предлогот стои да се определат превентивни мерки, забрана на напуштањње на живеалиште и да се одземе патна исправа, точно наведена со број и датум на важност.
Кривичниот совет постапувајќи по предлозите на обвинетите во кои не е наведена ниту предложено одземање на патна исправа како и по даденото мислење на специјалната обвинителка во кое се наведуваат точни податоци за правни исправи со датуми на важност кои се наведува да бидат одземени, но со оглед на тоа што обвинителката не го известила Кривичниот совет како ги добила овие податоци, ниту пак ги доставила патните исправи за кои што предглага да се одземат, Кривичниот совет се обрати до нејзе за да ги достави наведените патни исправи како би можел да одлучи по однос на предлозите и доставеното мислење, објаснува во соопштението Основниот суд Скопје 1.

Од Судот објаснија и дека во предлогот од специјалната обвинителка за укинување на мерката притвор стоело дека единствениот сведок бил сослушан и немало основ за влијание врз него, па откако ќе се укине оваа точка од решението да се укинат и другите основи  и да се прифати понудената гаранција од обвинетите, односно нивните пасоши.

Поврзани новости