Бројот на смртни случаи од коронавирус во Русија денеска е поголем од 1.200 втор ден по ред, додека бројот на новозаразени опаѓа, но сепак е поголем од претходниот бран на пандемијата.
Руската државна оперативна група за коронавирусот соопшти дека 1.251 лице починале од Ковид-19 во претходните 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во март 2020 година.
Претходно, најголем број починати беа регистрирани вчера – 1.247. Во последното деноноќие има 37.374 новозаразени лица, соопшти кризниот штаб во Москва.
Здравствените експерти причини за најновиот пораст на инфекции и смртни случаи ги наведуваат ниската стапка на вакцинација и непочитувањето на епидемиолошките мерки.
Помалку од 40 отсто од скоро 146 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани, иако земјата ја одобри домашната вакцина против Ковид-19 месеци пред сите останати во светот.