618
Рекорден број на починати во еден ден регистрира соседна Србија, вкупно 61 лице ја загубија битката со ковид-19 за 24 часа.
Во истиот период направени се 18 592 теста, од кои 7 041 се позитивни на ковид-19.
Според податоци на српското Министерство за здравство, хоспитализирани се 7 011 пациенти, а на респиратор се 254 пациенти.
Во Србија од почетокот на пандемијата починаа 1 484 луѓе, процентот на смртност од новиот коронавирус изнесува 0,91 отсто.